Според податоците на Државниот завод за статистика, во април оваа година се издадени 200 одобренија за градење што е за 9,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.243. 656 денари што е за 60,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 153 или 76,5 отсто се наменети за објекти од високоградба, 17 односно 8,5 отсто за објекти од нискоградба и 30 т.е. 15 отсто за објекти за реконструкција.  Од вкупно 200 објекти, на 157 или 78,5 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 43 објекти односно 21,5 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 442 станови со вкупна корисна површина од 37.584 метри квадратни.

OhridNews