
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.838.874 илјади денари што е за 82,3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период се издадени одобренија за градење на капиталните проекти за изградба на новите 2 автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (55,9%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15,1%) за објекти од нискоградба и 69 (29%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 238 објекти, на 157 (66 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 81 објект (34%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 487 станови со вкупна корисна површина од 34.668 метри квадратни.
OhridNews












