Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2012/2013 година, во редовните основни училишта, бројот на учениците изнесува 195 311 што претставува намалување за 1.8% во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на почетокот на учебната 2012/2013 година изнесувал 89 884, што претставува намалување за 3.4% во однос на претходната учебна година.

OhridNews