Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува близу две милијарди денари (околу 32,1 милиони евра), што е за 12,5 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 159 (75.0%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7.5%) за објекти од нискоградба и 37 (17.5%) објекти за реконструкција.
Во извештајниот период предвидена е изградба на 300 станови, со вкупна корисна површина од 26 531 м2.
извор: „Макфакс“