Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година бројот на умрените лица во Република Македонија е намален за 4.6 % во однос на претходната година и изнесува 19 208 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 136 лица или 52.8 % од вкупно умрените лица. Просечната возраст кај умрените лица од машки пол изнесува 69.9 години, односно 74.2 години кај лицата од женски пол.
Во општина Охрид во текот на 2013 година починале 589 лица, што значи намалување споредено со 2012 година кога биле евидентирани 604.
Намалување се бележи и кај бројот на родени. Бројот на живородените деца во 2013, во споредба со минатата година, на ниво на Македонија е намален за 430 деца или за 1.8%. Во текот на 2013 во општина Охрид се родиле 535 живородени деца.
OhridNews