Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2012 година изнесува 1 149 635 илјади денари што претставува намалување за 0.5% во споредба со јули 2011 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 31.3%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 34.7%.

Зголемување на вкупниот откуп и продажба е забележано кај следниве земјоделски производи: индустриски, градинарски и фуражни растенија, овошје, алкохолни пијалаци, добиток и млечни производи, додека намалување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележано кај житата, живината и јајцата, млекото и рибата.

OhridNews