Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во февруари 2012 година изнесува 1. 412. 789 илјади денари што претставува намалување за 12,4% во споредба со февруари 2011 година. Намалување на вредноста на откупот и продажбата од 43% се забележува кај индустриските растенија.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 29,2%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е зголемена за 87,9%.

OhridNews