Во трговијата на мало во јули годинава година, во споредба  со јули лани гледано по групи и класи, е евидентирано намалување на прометот, објави вчера Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групите „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“. Номиналното намалување е за 10 проценти, а реалното за 9 проценти. Во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ е евидентирано номинално намалување за 0,6 проценти, а реално за 11,2 проценти.

Во трговијата на мало, освен трговија со горива е евидентиран номинален пад за 5,4 проценти, а реален за 5,3 проценти. Статистичките податоци покажуваат дека во трговија на мало со автомобилски горива номиналното намалување изнесува 7 проценти, а реалното е 9,3 проценти.

OhridNews