За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 22 сантиметра понизок од просечниот за февруари и според денешните мерења е на кота од 693.19 м.н.в. Вчера котата била на 693.20 м.н.в., велат податоците од УХМР.
Температурта на водата е 6 степени што е во рамки на просекот кој изнесува 6, 5 степени.
Пониско од просечното и тоа за 1,88 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,53 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Нивоата, пак, на повеќето реки во земјава најчесто се малку пониски од просечните со исклучок на реката Брегалница на мерното место кај Берово каде водостојот се за шест пати понизок од просечниот и Сатеска кај Ботун каде нивото е за повеќе од четири пати пониско од просекот за февруари.
OhridNews












