Намален водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро за по еден сантиметар во споредба со вчера, а нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Двете езера имаат помал водостој од просечниот за август и тоа за 15 сантиметри кај Охридското, односно за 1,73 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,58 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец, велат од УХМР.

OhridNews