Седумдневната анализа на водостојот на Охридското Езеро покажува дека задржано е контстантно ниво на водостојот шест дена во периодот од 8 до 13 март, освен денес кога водостојот е за еден сантиметар понизок.

Денешната кота на езерото според податоците на УХМР изнесува 693.42 м.н.в., додека темепратурата на езерото е 6,5 степени. Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за март.

Нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пониско од просечното и тоа за 1,69 метри е и нивото на Преспанското Езеро, кое е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок е реката Струмица, на мерното место кај Сушево, каде водостојот е за еден сантиметар повисок од просечниот.

OhridNews