За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења на правени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Водостојот на Охридското Езеро е на кота 693,40 метри надморска височина, што е девет сантиметри пониско од просекот за март (693,49 м.н.в.).
Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,71 метар и е на два сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,85 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава, иако кај дел од нив се бележи благо зголемување на водостојот во споредба со вчера. Исклучок е реката Бабуна на мерното место кај Богомила, каде нивото е повисоко од просекот за март.












