Според податоците на Државниот завод за статистика,  индустриското производство во мај 2012 година во однос на мај 2011 година бележи намалување за 5,4 шроценти.

Најголем пад има во секторот Рударство и вадење на камен -22.8%, а намалување на обемот на работа има и во пработувачката индустрија за 3.2%, како и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација кој бележи опаѓање од 14.1%.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2012 година, во однос на мај 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 22.9 %, Капитални производи за 19.8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 43.2 %, додека бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%.

Статистиката покажува и намалување на бројот на работниците во индустријата во мај 2012 година во однос на мај 2011 за 2,1 %.

OhridNews