Апелациониот суд во Битола одлучи да ја намали претходно изречената затворска казна на првообвинетиот Митре Костоски, обвинет за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ во 2010 година.

По жалбите на адвокатите на одбраната, Апелациониот суд одлучи казната затвор за Костоски, од претходно изречените 4 години, да се намали на две години, во кои се пресметува и времето поминато во притвор од една година и три месеци. 

Во однос на останатите обвинети во случајот, второстепениот суд  ги потврди казните, односно 4 години и 6 месеци за Илче Јоноски, една година за Ѓоко Наумоски и 4 години и 9 месеци за Драган Ѓорѓевиќ кој е во бегство.

Дејан Новаковиќ беше убиен на 27 август лани во центарот на Охрид.

OhridNews