Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информира дека Владата прифатила измени на Законот за царинска тарифа, со кој се намалува царината на 100-тици производи, пред се репроматеријали и суровини што се користат во индустријата.

Ставрески истакна дека ваквиот чекор следува по барање на кондиторската индустрија, а со цел да се продолжат позитивните трендови во оваа индустрија односно за зголеменото производство, извоз и вработување.

OhridNews