Караџоски појасни дека одлуката била донесена на почетокот на грејната сезона на 15-октомври, наспроти, како што рече, сите шпекулации кои можевме деновиве да ги слушнеме дека цената на огревното дрво ќе расте.
„Овој попуст од пет отсто доаѓа во пресрет на грејната сезона. Добра вест за граѓаните е и дека ЈП “Македонски шуми” има доволно огревно дрво и нема место за никаква паника“, рече Караџоски. Тој изрази уверување дрвата ќе им бидат испорачани на сите граѓани кои склучиле договори со претпријатието.