Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека поради појава на магла намалена е видливоста на неколку патни правци. Магла има на патот Скопје- Велес каде видливоста е од 50-100 метри, на патот Скопје-Тетово-Гостивар видливоста е од 30-50 метри и на патот Скопје – Миладиновци од 30-50 метри.

Од АМСМ информираат и дека на патниот правец Маврово – Дебар (Бошков мост – Косоврасти) поради асфалтирање на патот, денеска, понеделник, од 12.30  до 16.30 часот сообраќајот ќе биде во прекин, а во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош,противпожарна и полиција).

OhridNews