Сообраќајот на сите државни патишта утрово се одвива без забрани, по влажни коловози.

Според информации добиени од Ј.П. Македонијапат намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Велес – Катланово и Катланово – Велес, до 100 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје, Куманово – Скопје, Велес – Штип и планинскиот премин Стража, од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Скопје.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15 Ноември 2015 година започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март 2016 година.

OhridNews