Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 30 – 50м. на патните правци Велес – Скопје и Скопје – Велес, од 50 – 100м. на патниот правец Демир Капија – Миравци, од 10 – 15м. на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 70 – 80м. на патниот правец Кичево – М. Брод, од 50 – 60м. на патниот правец Штип – Неготино, од 50 – 100м. на патните правци Кочани – М. Каменица и Виница – Берово, од 100 – 150м. на патните правци Битола – Прилеп, Дебар – Струга и Ресен – Охрид и до 100м. на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews