
Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2133,60 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2015,03 денари. Овие цени важат за купување во складовите на ЈП„Македонски шуми“.
По намалени цени ќе можат да купат буково огревно дрво физички лица кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина во износ од 10 проценти од цената утврдена со главниот ценовник за главни шумски производи. На купувачи-физички лица-припадници на категоријата социјални случаи кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина буково огревно дрво, им се одобрува рабат во висина од 15 проценти од износот на утврдената цена за количина до пет метри кубни. Припадноста на оваа категорија купувачите треба да ја докажат со исправа издадена од надлежен орган.
OhridNews
извор МИА












