Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во декември 2011 година, во споредба со ноември 2011 година, останале на исто ниво. Зголемување е забележано само во групата Алкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во декември 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, бележат намалување од 1.5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари- декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, биле намалени за 0.9%, додека во однос на декември 2010 година за 1.2%.

OhridNews