Индексот на цените на угостителските услуги во март 2010 година, во споредба со февруари 2010 година, е намален за 1,3% , соопшти Државниот завод за статистика
Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Храна за 0.5%, Алкохолни пијалаци за 4.8%, Безалкохолни пијалаци за 4.1% и Ноќевања за 1.3%.
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5%.











