Пролонгирањето на рокот за менување на личните исправи до 01.04.2012 година ги намали турканиците пред шалтерите во подрачната единица во Охрид. Не дека сега нема турканици, туку тие во секој случај се драстично намалени. “Чекачите“ се уште имаат забелшки на процедурата, па дел од постарите граѓани се слуша како коментираат, “дајте да се сликаме дури не паднал системот“.

Од подрачната единица информираат дека ќе се сликаат лица чии што лични карти се со истечен рок како и лица кои живеат во с. Велгошти, с. Лескоец, С. Слатино, Рача и с.Лешани. Сите останати  ќе бидат сликани после Нова година, а нивнитре барања и уплтаници ќе бидат важечки.

М.П.