Според оперативните информации на СВР Охрид, во стан на пријавената, подолго време доаѓале млади државјанки на Бугарија.Пријавената, со разни изговори и ветувања, намамувала девојки во нејзиниот стан во Охрид, а потоа со употреба на физичка сила и со ограничување на нивното движење, држејки ги заклучени, вршела експоатација врз девојките, ги подведувала и присилувала на проституција стекнувајќи се на тој начин со против-правна материјална корист.
На 4-ти Март оваа година, преку организиран канал од државјанка на Бугарија и еден Македонски државјанин, во станот на пријавената, со измама биле донесени неколку девојки од Бугарија, меѓу кои и роднина на организаторката од Бугарија. Одкако ги прошетала низ Охрид, пријавената, во вечерните часови во станот договорила посета на повеќе клиенти наредувајќи им на девојките да застанат пред клиентите. Одкако сфатила за што се работи, една од девојките реагирала и одбила да биде со клиентот, по што пријавената насилно ја одтурнала кон спалната соба од станот. Подоцна, во станот дошле уште двајца клиенти за кои пријавената на истата девојка и објаснила дека и оваа средба била договорена и платена и дека за услугите ќе биде однесена во друг стан по што ќе добие пари. За дадените сексуални услуги, задржувајки и 800 денари за храна и превоз, девојката од пријавената добила 4. 000 денари. Истата девојка, одкако видела дека вратата од станот е постојано заклучена, побарала да си оди, но пријавената започнала вербално да ја навредува и со разни предмети да ја тепа по телото.
На ден 05.03.2011 година, со Судска наредба, извршен е претрес во домот на пријавената каде се пронајдени лични предмети од девојката. Пријавената и другите девојки не се пронајдени во станот што се користел за давање на услуги на клиентите.
СВР Охрид, за настанот ги информира граничните премини по што набрзо, од граничниот премин кај Делчево, во обид да ја напушти Република Македонија, приведена е пријавената Б.к.Ц. заедно со уште една Бугарска државјанка.
СВР Охрид, презема натамошни мерки за утврдување на идентитетот на девојките кои биле принудувани на проституција, но и на клиентите кои ги користеле услугите.