Арбитражната комисија на ЕХФ ја одби жалбата на Металург за мечот против белорускиот Брес. Натпреварот е регистиран со постигнатите 28:23.

Комисијата утврди дека имало прекршување на правилата на ЕХФ бидејќи во записникот имало 16 наместо 14 играчи на Брест и за тоа клубот од Белорусија ќе плати казна од 5.000 евра.

Металург наместо да се офајди од жалбата и да го добие мечот со 10-0, заработи супервизија, односно комисијата на ЕХФ одлучи во Скопје да испрати два делегата наместо еден.

Реваншот се игра на 9 октомври во 18 часот во Автокоманда.

OhridNews