
Голабоски посочува дека велосипедизмот може да биде дел од туристичката понуда на градот, но најважно од се според него e младите да стекнат навика да спортуваат и рекреираат. „Нема човек кој не може за себе да издвои еден час во денот, но ние често имаме изговори и ни е чудно кога ќе видиме некој да рекреаира“, додава Голабоски. За велоспидедизмот, за добрите и лоши навики на луѓето и нивниот однос кон природата, како и за радио и тв водителството и културата во градот, во нанјновото издание на „Охридски раговори“ разговараме со Жанко З’ш Голабоски.











