Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ од Охрид, Александар Николоски и Харалампие Шокароски, со денешната посета на Трпејца покажаа дека не им било цел да ја смират, туку да ја подгреат тензичната атмосфера во оваа населба, регираат со писмено соопштение од охридската локална самоупава.

Оттаму ја обвинија партијата  ВМРО- ДПМНЕ, дека со оваа постапка сакаат да спечалат некој политички поен  и поради тоа  вината за случувањата во Трпејца , неаргументирано  ја префрлaaт на Локалната самоуправа.

-Надлежните инспекциски служби при Локалната самоуправа, имаат донесено  решение  за уривање  на нелегално изградениот дел на објектот кој е предмет на спорот меѓу сопствениците и Црковниот одбор од Трпејца. По ова како и другите решенија за уривање , ќе се постапува согласно законските прописи и создавањето на потребните услови. Доколку имаа добри намери , пратениците на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид , Николоски и Шокароски,  жителите на Трпејца ќе ги посоветуваа , дека со нивна помош , проблемот треба и може да се реши само  низ институциите на системот на чие чело се луѓе од нивната партија, стои меѓудругото во соопштението.

Од Општина Охрид им посчуваат на пратениците од ВМРО- ДПМНЕ Николоски и Шкокароски, дека на жителите на Трпејца, треба да им ветат дека наместо ребаланс на буџетот на Општина Охрид , во парламентот ќе побараат ребаланс на државниот буцет за изградба на патот за Свети Наум или пренамена на средствата за изградба на автопат до Охрид , наместо до Штип, како што има одлучено владата на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews