Добронамерниците кои постојано не критикуваат како локална власт подобро да се заложат до централната власт да се подобри инфраструктурата кон градот. Советникот на градоначалникот, Зооран Шикалески, бара владата на општина Охрид да и ги отстапи сите средства кои и следуваат.

Минатата година за рехабилитација на локални патишта и улици од над 25 милиони денари кои ни следуваа, ни доделија само 7 милиони. Ако сакаме Охрид  да изгледа убаво нека го уредат приодот кон градот кој е во лоша состојба, патниот  правец кон Свети Наум. Ако се поврзе Охрид со автопат до Неготино сигурен сум дека од десет возила кои одат кон Грција,  две ќе се одлучат да го посетат и Охрид. Со вакви патишта не можеме да очекуваме гости, вели Шикалески. Според него, приодот од Подмолје кон Охрид треба да се доизгради со  уште една коловозна лента и да биде осветлен.

Од Македонија пат во повеќе наврати информираа дека засега не се предвидени пари за санација на магистралните патишта. Објаснувањата беа дека има средства колку да се закрпат дупките на патиштата.

OhridNews