Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека корисниците на земјоделско земјиште во државна сопственост, кои имаат склучено договори за закуп со Министерството, плаќањето на закупнината по основ на користење на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп можат да го извршат најдоцна до 31 јули во тековната година за претходната година.

Согласно Законот за изменување и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште, се овозможува корисниците на закуп наместо плаќање на закупнината најдоцна до 31 декември во тековната година, истата да ја платат најдоцна до 31 јули во тековната година за претходната година.

Од министерството напоменуваат дека законските измени за плаќање на закупнината се однесува само за неплатената закупнина за тековната 2012 година.

OhridNews