Со најновите сметки за потрошена вода за месец октомври, МЈП Проаква Р.Е. Водовод, на потрошувачите кои имаат долгови кон претпријатието им нуди можност за спогодбено регулирање на неисплатениот долг.


Како што потсетуваат од јавното претпријатие, со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување  е креиран системот на трансфер на извршните предмети од судовите кај нотарите и извршителите.


Според тоа, од 1- ви јули годинава, МЈП Проаква Р.Е.Водовод Охрид има започнато постапка за извршување пред судовите и истата ќе ја продолжи со постапка за присилно извршување заклучно со 31.12.2011 год.

Доколку имате долг по тужби, за да не би се изложувале на дополнителни трошоци (нотари или извршители), доверителот Ви дава можност за спогодбено регулирање на неисплатениод долг. Тоа значи дека по пат на спогодба, заостанатиот долг ќе може граѓаните да го плаќаат на рати, објаснуваат од МЈП Проаква.

OhridNews