Деновиве пополнети со бекатон плочки се таканаречените џепови направени на велосипедската патека долж булеварот „Туристичка“, каде што претходно стоеа контејнери за смет.

Инаку,  контејнерите од булеварот „Туристичка“ беа дислоцирани заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека. Но и покрај тоа велосипедистите се уште повеќе ги користат коловозите, а контејнерите завршија на паркиралишта што предизвика револт кај граѓаните.

OhridNews