Пластична амбалажа, автомобилски гуми, сунѓери и што уште не може да се види кај обновеното живеалиште на локвањот. Наместо туристичка атракција, оваа локација наликува на вистинска депонија. И покрај бројните апели до јавноста, очигледно е дека ниската свест на поединци и понатаму е на многу ниско ниво.
Нагрдена е и поставената табла со основните податоци за локацијата.
Живеалиштето на локвањот во месноста Мазија беше обновено во 2006 година со залагање на Македонското лимнолошко друштво, а се реализираше со грант од ГЕФ.
OhridNews