Поради променливото и посвежо време, поголемиот број гости кои престојуваат во Охрид се одлучија попладнето, наместо на некоја од охриските плажи, да го поминат во некое од градските кафулиња, ресторани или во прошетка по стариот дел од градот и кејот на езерото.


Охрид е во екот на туристичката сезона, туристи од другите градови од земјава, но и од странските земји постојано пристигнуваат. 

 

Кон охридските плажи се упатуваат само оние најупорните, вистинските љубители на пливањето и уживањето.

Според прогнозите на синоптичарите, од утре па во наредните неколку денови се очекува дестабилизирање на временските услови, врнежи од дожд и грмежи и температура до 28 степени Целзиусови.

OhridNews