Независниот охридски екологист Лазо Наумоски, поведен од хаотичната состојба во заштитата на охридската ендемична пастрмка за време на татиљот, односно забраната за ловење, кој трае од 25 декември до крајот на март, испрати допис до премиерот Никола Груески.

– Охридско-Струшкиот регион се соочува со еден голем тежок  и горчлив еколошки проблем, спасот на охридската пастрмка од истребување. Во охридско- струшкиот регион многу граѓани останаа без работа, па својата егзистенција почнаа да ја бараат во нелегалниот улов на охридската ендемична пастрмка, што јас како експерт по аграр  и  екологија не го подржувам, вели Наумоски во дописот.

Од името на 100.000 граѓани кои живеат на Охридско-Стурушкиот дел, невладините организации, разни здруженија на граѓаните независно од нивната возраст, младите луѓе, Наумоски побара од премиерот, подрачните инспектори за земјоделство, водостопанство и шумарство од Охрид и Струга, за кои тој тврди дека  во моментов се ангажирани во откупот на тутунот, да се ослободат од тие активности и за време на татиљот со своето залагање да  придонесат за успешното природно и вештачко мрестење на пастрмката. Бидејќи процесот на повраќање на секоја една генерација од пастрмката трае од 8 до 10 год, потенцира Наумоски во својот допис.

OhridNews