Централното градско подрачје во Охрид секогаш е интересно за градежните компании. На просторот на поранешната автобуска станица во строгиот центар наскоро ќе никне уште една зграда. Ќе се гради на местото каде според првичните проекции на градските урбанисти беше најавувано дека ќе има паркинг простор. Одреден период тука и функционираше паркинг, но од неодамна местото е заградено со тараби, а од под “светилките“ на паркингот никнаа железата од темелите за новата зграда. Покрај тоа во план е и надгрдаба на изградениот објект во непосредна близина.


Наместо паркинг ќе се гради зграда?

OhridNews