Охрид од 5 до 7 мај ќе биде домаќин на четвртата Меѓународна бизнис конференција на која ќе се дебатира за изборот на идната професија на младите. Лајт мотив на конференцијата ќе биде мотото „Наместо работа во државна администрација, размислувај како до сопствен бизнис“.

На конференцијата учество ќе земат над 400 експерти и претставници од домашни и регионални образовни институции од 44 земји кои во Охрид ќе разговараат за само-вработувањето и иновативноста, како и за регионалната економска соработка.

OhridNews