Нема крај на несовесното и деструктивно однесување кај нас. Отпадот се фрла насекаде, а најчесто во природата. Не се поштедени ниту природните вредности кои треба да бидат заштитени. Една таква е Дувалото во Косел.

Овој локалитет за кој има иницијатива за прогласување на споменик на природата е претворен  во депонија. Наоколу е расфрлан градежен шут и најразличен цврст отпад, а информативните знаци кои водат до локалитетот се изрешетани од куршуми. Во околината на градот под заштита на УНЕСКО!

Коселското Дувало претворено во депонија и полигон за гаѓање

Дувалото, односно сулфатарата во Косел претставува минијатурен кратер, со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Тоа е остаток од некогашна вулканска активност на овие простори.

Г.М.