Неодговорни поединци го пустошат културно – историското наследство од подводните локалитети во Охридското Езеро, но и од археолошките наоѓалишта, предупредуваат одговорните од надлежните институции. Според нивните сознанија дел од пронајдените артефакти наместо да се предадат за Заводот за заштита на спомениците и Музеј Охрид, како што налага законот, преку илегални патишта се изнесуваат надвор од земјата или завршуваат во приватни колекции.


Таков е случајот и со артефактите кои се наоѓаат во Охридското Езеро, кое крие богати археолошки наоѓалишта. Најгмногу вредни историски предмети се пронајдени во Заливот на коските каде автентично е реконструирана Наколната населба. Дел од нив денес се изложени во Музејот на вода во Градиште. Археолозите во Охридското Езеро имаат лоцирано девет наколни живеалишта кои не се целосно истражени.


Подводните локалитети е невозможно да се заштитат затоа што секој може да влезе слободно во вода кога сака, укажуваат професионалните нуркачи кои во изминатите неколку години активно се вклучени во пронаоѓање на културно наследство во Охридското Езеро. Тие деновине случајно открија ново подводно депо со орудија од периодот на Првата светска војна кои му ги предадоа на охридскиот Завод и Музеј.

Но, нуркачите имаат сознанија дека историското наследство пронајдено во езерото незаконски се присвојува од страна на поединци, кои со своето несовесно однесување нанесуваат огромна штета.


Според  проценките на надлежните институции за заштита на културното наследствпо до сега од земјава се изнесени над 20.000 вредни артефакти кои по илегални канали завршуваат на нелегалниот пазар или во приватни колекции ширум светот.

 OhridNews
фото: Емилио