Вредното дело кое случајно беше откриено во архивите на охридската библиотека пред повеќе од десеттина години, поради оштетување од влага и мувла е преземено од стручните лица во Скопје, каде е подложено на сува стерилизација со цел да се спречи понатамошниот процес на оштетување.
– Како резултат на дописот кој што беше испратен до нашата институција од страна НУ Библиотека „Глигор Прличев“ Охрид, во кој беше изразено сомнение за оштетување на ракописот, НУ НУБ „ Св. Климент Охридски“ Скопје испрати тим составен од стручни лица во посета на библиотеката. При направениот увид, конзерваторот констатирал значително оштетување на материјалот.Направен е записник во кој детално е опишана состојбата во која е затекнат материјалот и предочени се причините поради кои се претпоставува дека дошло до оштетувањето, како резултат на присуство на голема количина на влага во просторијата и мебелот каде е чуван ракописот, изјави за OhridNews, м-р Зорица Јаковлеска- Спировска, виш конзерватор во Националната и универзитетска библиотека „ Св. Климент Охридски“.
Согласно дадените препораки, ракописот бил итно преземен во Лабораторијата за конзервација и рестврација при НУБ „ Св. Климент Охридски“ Скопје, поради спречување на негово дополнително оштетување.
– Неопходна е и негова дополнителна дезинфекција, за која во моментов нема услови во нашата лабораторија, но направени се сите дополнителни консултации и преземени се сите мерки за да во најкраток рок се комплетира и овој сегмент од процесот на непосредна заштита, додава Јаковлеска- Спировска.
Од националната библиотека во Скопје напоменуваат дека согласно
законските прописи, од страна на Центарот за конзервација и
реставрација, како матична лабораторија за заштита на материјали на
хартија во РМ, до охридската библиотека се дадени препораки,
материјалот да биде оставен на чување во НУБ „ Св. Климент Охридски“
Скопје, се до обезбедувањето на соодветни услови за складирање на овој
вреден ракописен материјал.
непосредна заштита во Лабораторијата за конзервација и реставрација при
НУБ „ Св. Климент Охридски“ Скопје, но по завршениот третман ракописот
бил вратен во матичната институција.