Кампот „Андон Дуков“ нема да прерасне во зона за развој на здравствен туризам, како што првично беше планирано. Поради нерешени имотно правни односи, овој просторот ќе добие друга намена. 

– Голем дел од земјиштето е вратено со денационализација, за еден добар дел и во овој момент се водат постапки за денационализација, значи земјиштето е приватизирано и сметавме дека ќе биде тешко изводливо градот и државата да преземат активности со кои може да се реализираат некои големи зафати од типот на здравствен туризам или хотелско – угостителски објекти, кои би биле од локално или државно значење и за кои ние би можеле да најдеме заинтереиран инвеститор. Од тие причини се донесе одлука автокампот „Андон Дуков“ да биде урбанизиран во иднина за што ќе следи постапка за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, по што ќе се изработи планска документација со која ќе биде утврдена намената на тој простор.– изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. 

Од секторот за урбанизам при општина Охрид информираат дека на просторот на автокампот „Андон Дуков“, ќе се градат резиденцијални објекти.

OhridNews