Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон полека го губи трпението со португалскиот репрезентативец Нани. Сезонава португалецот никако да ја пронајде посакуваната форма, а капак на сите проблеми Нани се степал на последниот тренинг со надежниот фудбалер Петручи.

На крајот од летниот преоден рок Нани беше поврзуван со трансфер во Зенит, но големите побарувања за плата беа неприминлива пречка за русите. Нани во редовите на “црвените ѓаволи“ прејде од Спортигн Лисабон во 2007 година.

Мх.П.