Екипата на Нант која се натпреварува во најсилната лига во Франција го посакува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров во своите редови.
До овој трансфер ако двете страни најдат заеднички јазик нема да има проблем да се реализира, бидејќи Лазаров после завршување на сезоната нема обврски со Барселона поради истекот на важечкиот договор.
– Играч како Лазаров за нас би преставувало големо засилување. Тој фасцинира со својата врвна форма и покрај 36-те годините кои ги има. Долги години игра во ЛШ и ќе биде добро ако го видиме во своите редови. – рече првиот човек на Нант, Пелетиер.
Во својата професионална кариера капитенот на „црвено жолтите“ нема настапува во Франција. Лазаров има играно во Унгарија, Хрватска, Катар и Шпанија.
OhridNews