Непознат маж земал заложници по напад во банка во германскиот град Диузбург. Напаѓачот во заложништво држи еден или двајца службеници од филијалата на банката. Очевидец на настанот рекол дека напаѓачот бил вооружен. Реонот Румелен-Калденхаузен, во кој се наоѓала банката, е блокиран од полицискиот кордон. Во Диузбург се испратени, исто така, дополнителни сили од соседните градови.

Локалните служби за спроведување на редот изјавиле дека двајца мажи биле приведени во полициска станица. Причините за апсењето, како и идентитетот на приведените и осомничениот напаѓач не се дадени.

Дуизбург се наоѓа во западниот дел од Германија, во близина на Дизелдорф, и има околу половина милиони жители.