Едно лице го загубило животот, а повеќе се повредени во денешниот напад во трамвај во холандскиот град Утрехт. Според првичните информации, напаѓачот избегал од местото на злосторството.

Холандската полицијата се сомнева дека станува збор за можен терористички напад, за кој сомнежите се дека го извел еден напаѓач, но не се исклучува можноста да биле вклучени и повеќе лица.

Повеќемина се повредени, но нема подетални информации за тежината на повредите. Градот го надлетуваат хеликоптери, а присутни се и припадници на специјални полициски сили.

Властите во меѓувреме го зголемија нивото на опасност од терористичка закана во регионот, а по напаѓачот се трага.