Финската полиција информираше дека застрелала маж кој со нож прободел неколку лица во југозападниот град Турку. Само еден час подоцна се случил напад со нож и во германскиот град Вупертал, во кој неофицијално има жртви. 

Како што пренесува BBC инцидентот во Финска се случил на плоштад, а полицијата брзо пристигнала на местото на настанот. Полицијата соопштила дека во нападот најмалку едно лице е убиено, а осум се ранети. Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“.

Полицијата на граѓаните им порачала да го избегнуваат центарот на градот, а засилени мерки на безбедност се преземаат и во главниот град Хелсинки.

OhridNews