СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода” и „телесна повреда“.
На 30-ти јули, околу 12.00 часот, на ул. „А.Јованоски” во Охрид, каде престојувала 36-годишна жена од Битола со нејзините малолетни деца, била физички нападната и се обидела да избега и побара помош. Таа била спречена од пријавениот, кој ја заклучил влезната врата од куќата и не им дозволувал на оштетената и нејзините малолетни деца да ја напуштат куќата.












