Инцидент се случил вчера околу 19 часот на улица „Абас Емин“ по сообраќајна незгода во која била причинета минорна материјална штета.

Имено, полициски службеник од СВР Охрид, додека извршувал работни задачи на улицата „Абас Емин“, забележал дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничкото возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен жител на Охрид и патничко возило „Ландровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишен жител на Скопје.

Притоа, охриѓанецот кој бил под дејство на алкохол, упатил навреди кон лицето од Скопје, по што, бил предупреден од полицискиот службеник. Тогаш тој почнал агресивно да се однесува и кон полицискиот службеник а потоа и физички го нападнал. Полицискиот службеник успеал да го оттурне напаѓачот од себе, по што напаѓачот паднал на коловозот и се здобил со повреда. Се работи на расчистување на случајот. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Охридската полиција синоќа евидентирала уште еден инцидент. Околу 21.15 часот во авто-камп „Градиште“, по претходна расправија, нарушен бил јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две лица од Битола на возраст од 51 и 45 години.

Изготвени се записници за констатиран прекршок согласно со одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. – соопшти охридската полиција.

OhridNews