Сопственик на пекара лоцирана на улицата „Гоце Делцев“ утрово бил нападнат и ограбен од непознат сторител, соопшти охридската полиција.

Инцидентот се случил рано утрово кога сопственикот на пекарата излегол да земе дрва за огрев, при што бил удрен со тврд предмет по главата. Притоа, како што и изјавил на полицијата, му биле одземени 1000 американски долари и 88.000 денари.

СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

OhridNews