32 годишниот скопјанец Коста Попризов, синоќа, околу 21,20 часот пред влезната порта на МВР физички го нападна репортерот на Телма Павле Беловски кој во тој момент беше на извршување на професионалната задача-очекување на резултатите од истрагата што СЈО ја спроведуваше во УБК.
Во инцидентот кој е регистриран од камерата на ТВ Телма новинарот не е повреден а напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата која брзо реагирала со оглед на фактот што нападот се случил пред самиот влез на МВР.
Според неофицијалните информации од полицијата Попризов има две кривични пријави, за напад на овластено службено лице и за загрозување со опасно орудие при тепачка.
OhridNews