36-годишен охриѓанец, вчера, во СВР Охрид пријавил дека на 19.05.2020 година, на булеварот „Туристичка“, додека изведувал градежни работи, бил физички нападнат од сопственик на угостителски објект лоциран на булеварот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Димоски информира и дека во текот на изминатото деноноќие (21/22.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење, од кои едно од Охрид, две лица од Струга и пет од Кичево. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

OhridNews